Шојбле: Постои опасност од нова глобална финансиска криза

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, денеска предупреди дека е можна нова глобална финансиска криза доколку водечките светски економии продолжат со вбризгување пари во глобалната економија.

– Нема да бидеме во можност да ја избегнеме следната економска криза доколку се продолжи со вбризгување пари во економиите, изјави Шојбле, пренесува порталот Дау Џонс њузвајерс.

Порталот истакнува дека Шојбле, сигурно алудирал на Јапонија и САД.

На средбата на конзервативната Христијанско-демократска унија, Шојбле нагласи дека истото ќе го изнесе и пред американските колеги на средбата на министрите за финансии од Г-20, која неделава се одржува во Моксва.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана