„Шкода“ ја тестираше новата „Октавија Комби“

Од:

Најголемате чешка фабрика за автомобили „Шкода Ауто“ на отворено ја претстави и тестираше третата генерација на моделот „Октавија Комби“, јави дописникот на МИА од Прага.

Моделот „Октавија“ има две нови верзии, „Лифтбек“, што се продава од почетокот на февруари и „Комби“, што во автосалоните ќе се појави во мај.

Двете верзии ќе бидат претставени идниот месец на Саемот за автомобили во Женева.

„Октавијата Комби“ произлегува од каросериската верзија на „Лифтбек“ и има ист мотор и основна опрема, но се разликува по тоа што има погон на 4 тркала.

Новата генерација, која се користи и кај други модели на „Фолксваген“  има центрифугална пумпа управувана од силен електромотор, што го намалува трошењето на горивото.

Во споредба со претходниот модел, оваа „Октавија“ е подолга за 90 милиметри и изнесува

4,659 метри и поширока за 45 милиметри и изнесува 1,814 метри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on