„Шкода“ избрана за најдобра чешка компанија

Од:

Најголемиот чешки производител на автомобили „Шкода Ауто“ повторно е избрана за најдобра компанија во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Во анкетата „Топ 100“, која има за цел да ги потенцира и оцени чешките фирми кои имаат најширок опсег на економски активности, второто место, како и неколку години по ред, му припадна на електроенергетскиот гигант „ЧЕЗ“.

Третата позиција ја зазема „Кооператива осигурување“, втората најголема осигурителна компанија во земјата.

Рангирањето на претпријатијата се врши врз основа на анкетен систем, во чии рамки се испраќаат над 25.000 прашалници во кои се врши рангирање на успешните компании.

Свеченото доделување на дипломите ќе биде вечерва во Шпанската сала на Прашкиот замок.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on