Шиф: Големите банки пред ризик поголем од кога и да е

Од:

Светот се соочува со нова економска криза, која ќе биде поголема од онаа пред десет години, предупредува американскиот економист Нуриел Рубини, Со него се согласни голем број колеги меѓу кои и Питер Шиф .

– Големите банки се пред голем ризик, многу поголем отколку порано. Денес се повеќе се изложени на удар од рецесија, системските ризици се многу поголеми отколку што беа во 2008 година, изјави Шиф. Тој додаде дека некои од тие банки требало да пропаднат пред десет години.

– Социјалниот мир што некои влади го заговараа всушност е грешка и спасени се банки на кои требаше да им се дозволи да пропаднат. За жал, од последната криза не се научени лекции. Ги повторуваме и ги прошируваме сите грешки што ја предизвикаа последната криза, и така „обезбедија“ следната криза да биде многу полоша, нагласи Шиф.

Според него, сите проблеми што ја предизвикале финансиската криза од 2008 година денес се уште поголеми.

– Се полошата монетарна и фискална политика од минатата криза гарантира дека следната ќе биде многу полоша. Кризата ќе биде слична единствено по тоа што виновниците ќе бидат и владите и што оддеднаш сите ќе бидат изненадени, но ќе биде поинаква само по тоа што ќе биде многу полоша, смета Шиф.

Тој додава дека и новата криза за разлика од претходната ќе ја карактеризира пред се, должничкото ропство во САД.

– Националниот долг ќе биде појдовна точка, епицентар на кризата, а доларот ќе се урне, цените на златото пак ќе се зголемат, ќе растат цените на потрошувачките стоки, предупредува тој економист.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

(ВИДЕО) Индија испука ракети кон Пакистан, цел беа неколку локации: Исламабад најави жесток одговор

Предраг Петровиќ

Фридрих Мерц е избран за нов канцелар на Германија во вториот обид