Шефот на Сименс ќе биде разрешен поради лоши финансиски резултати

Од:

Германскиот индустриски конгломерат Сименс објави дека ќе го разреши извршниот директор Петер Лиошер, кој не успеал да ја подобри состојбата на компанијата, јави ДПА.

Овој 55-годишниот Австриец на функцијата беше од 2007 година. Одлуката не е изненадувачка, откако во четвртокот компанијата објави предупредување за профитот. Оттогаш германските медиуми заговараат смена на Лиошер од функцијата.

Овој индустрискиот гигант има речиси 370.000 вработени ширум светот и над 78 милијарди евра промет за минатата година.

Преку соопштение Сименс синоќа информираше дека на седницата на 31 јули надзорниот одбор на компанијата ќе донесе одлука за очекуваното разрешување на извршниот директор.

Не се споменува името на можниот кандидат за местото на Лиошер.

Меѓу производите на Сименс се и возови, турбини за ветер и медицинска опрема.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати