Шапуриќ на бизнис форум во Букурешт

Од:

Со зголемен регионален пристап во областа на патната и железничка инфраструктура и енергетика ќе се унапреди економската соработка на земјите во регионот и ќе се олесни трговската размена на стоки и услуги, порачал македонскиот министер за подобрување на регулативата за инвестицската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ при учеството на Бизнис форумот „Иницијатива 3 мориња“ кој се одржува во Букурешт, Романија.

Шапуриќ, како што соопшти неговиот кабинет, зборувал на панелот „Потенцијали за соработка со соседните земји во регионот иницијатива три мориња иницијатива“.

– За да се комплетира визијата за слободна Европа, мора да се гледа и регионално надвор од земјите на ЕУ и да се осврнеме на инфраструктурната интеграција на Источна Европа и Западен Балкан, рекол министерот Шапуриќ.

Република Македонија, како што навел, е заинтересирана за активно учество во оваа иницијатива со која очекува прогрес со реализирање конкретни проекти.

– Очекувам регионалната соработка да зајакне со интеграциските процеси на земјите во регионот и земјите членки на оваа иницијатива во ЕУ и НАТО, што ќе значи зголемување на атрактивноста на европските и евроатланските перспективи на земјите во овие региони, рекол Шапуриќ и дополнил дека како резултат на постигнатиот договор со Грција, Македонија ќе стане 30 членка на НАТО, а посочил и на перспективите со добивањето датум за започнување преговори за добивање статус на полноправна членка во ЕУ.

При учеството на форумот министерот Шапуриќ остварил билатерални средби со Ана Бирхол, заменик премиер за имплементација на стратегиските партнерства на Романија, Чирил Габуричи, министер за економија и инфраструктура во Молдавија; Џорџ Шарвашиџе, заменик министер за надворешни работи во Џорџија и Михаи Дарабан, претседател на комората за трговија и индустрија на Романија. Неговите соговорници изразиле надеж за успешност на претстојниот референдум во Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада