Сервис – деск за поквалитетни услуги на бизнисот

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ја промoвира новата услуга т.н. сервис – деск, дизајнирана и имплементирана со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Како што изјави извршниот директор на Комората, Дрилон Исени, преку сервис – дескот кој е наменет за компаниите-членки, ќе се работи на трите, веќе дефинирани стратегиски приоритети: правна држава, пристап до финансии и поттикнување на претприемништвото.

-Преку подобрување на нашите услуги, можеме да им помогнеме на компаниите-членки да бидат поконкурентни на домашниот, регионалниот па и европскиот пазар, истакна Исени.

Трите главни столба на сервис – дескот ќе бидат: поддршка за пристап до пазарот, правно усогласување на фирмите со законодавството и поддршка на компаниите преку алтернативни начини на финансирање.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски