Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Од:

Најголемата приватна пошта во Македонија Еко логистик сервис (ЕЛС) вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) прослави седум години постоење под мотото „We are growing internationally“ („растеме меѓународно“). На настанот беа присутни стотици гости кои дадоа поддршка на ЕЛС како општествено одговорна компанија која континуирано го шири своето портфолио со нови ангажмани и активности.

„Во наредниот период нѐ чекаат уште многу предизвици, ќе го прошириме кругот, ќе бидеме најинтегрираната компанија, не само во Македонија туку и во регионот, ќе бидеме провајдер на други сервиси и на други платформи и компании, но една од најважните задачи е да дадеме можност на македонските компании да извезуваат и да станат појаки, да не бидеме како слаби играчи во сенка, туку да тргнеме во акција и да направиме резултат“, рече сопственикот на ЕЛС, Игор Гешовски, во своето обраќање пред присутните.

Роденденот на ЕЛС беше одбележан со богата музичка програма – свои настапи имаа Лаура Кадриу и Филип Петровски со своите бендови, а комичарот Бојан Велевски ги забавуваше гостите со својот стенд ап.

Како еколошки одговорна компанија која постојано се вклучува различни хуманитарни активности, ЕЛС по повод 7-годишнината од постоењето додели благодарници на повеќе еко здруженија и на хуманитарни организации.

ЕЛС во последнава година ја презеде доставата за пратките од двете најголеми шопинг платформи, Али експрес и ТЕМУ, со што значително се зголеми и обемот на работа. Само во 2024 година, приватната пошта која ги поседува сите меѓународни и домашни лиценци, има доставено 417 777 пратки до потрошувачите.

Во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи, а достава се врши и во попладневните часови. За поголема безбедност и заштита од манипулации, ЕЛС е единствената компанија која користи безбедносен код при подигањето на пратките. За 2025 година, од компанијата најавуваат соработка и со други светски познати платформи.

Би можело да ве интересира

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Биткоинот паѓа: Пазарот на криптовалути „во црвено“