Седмо извлекување од наградната „Фискална во рака-награда без мака“

Од:

Ново, седмо извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи вечерва, а ќе се пренесува на Македонската телевизија. Во трка за стан, деловен простор, автомобил и бројни парични награди се над 2 милиони пликоа.

Главната награда во ова ивлекување е стан во скопската населба Аеродром од над 50 метри квадаратни, дуќан во Аеродром и автомобил „пежо 208“ и други бројни награди ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра.

Во ова излекување учествуваат сите пликови со 20 фискални сметки издадени по 15 ноември 2013 година испратени на адресата на Државната лотарија на Макдонија за ова извлекување, како и сите пликоа испратени за учество во наградната игра во претходните извлекувања.

Досега од наградната игра, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.

Би можело да ве интересира

Познат скопски ресторан издава фискални сметки на руски јазик

Ана Ололовска

Најмалку фискални сметки се издаваат за извршени услуги

Ана Ололовска

Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Ана Ололовска

Утре истекува рокот за воведување фискални со ГПРС

Ана Ололовска

Последно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

Ана Ололовска

Викенд забава „Купи куќа, добиј стан“

Ана Ололовска