Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

Од:

На релацијата Скопје-Киев од 6 декември, недела се воведува редовна авиолинија. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

-Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Киев-Скопје-Киев!, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Скопје.

Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.

-Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук со генералниот директор на TAV Macedonia Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба