Се укинуваат монетите од едно и две евра?

Од:

Пратеникот на Народната партија на Австрија и потпретседател на Европскиот парламент, Отмар Карас бара монетите од едно и две евра да се заменат со банкноти. Според него, банкнотите се побезбедни, поевтини и полесни.

Потпретседателот на Европскиот парламент укажува дека банкнотата од еден долар во САД е најраспространета банкнота. Карас истакна дека смeта оти денес не постои ниту еден аргумент против банкнотата од едно и две евра.

Бројот на лажни банкноти во ЕУ е во пораст, потсети тој, додавајќи дека минатата година од продавниците и банките од оптек се повлечени вкупно 184.000 лажни монети, за 17 отсто повеќе отколку една година порано. Европската комисија, меѓутоа, воочи страв кај граѓаните од опцијата повлекување на монетата поради загрижноста дека тоа би можело да води кон инфлација.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија