Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

Од:

Првото бебе се роди во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев во раните утрински часови. Дежурната екипа предводена од д-р Кижески на свет го донесе првото машко бебе спонтано породено со телесна тежина 3460гр и 50см. Новороденчето ќе се вика Огнен.

Родилиштето и одделот за неонатологија во Клиничката болница Жан Митрев, беше отворенo вчера и овозможува мултидисциплинарен пристап во следење на мајката пред бременоста, за време и во постпородилна фаза. Центарот располага со најсовремена опрема од врвни светски производители и искусен медицински персонал, каде се сместени две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи.

По повод започнувањето со работа на центарот, креирани се специјални пакети со голем број поволности и попусти а се транспарентни без дополнителни или скриени трошоци, за спонтано породување цената е 95.000 денари а за породување со царски рез, 130.000 денари.

Клиника Жан Митрев соработува со сите приватни здравствени осигурителни компании за што има транспарента понуда со промотивни цени кои се без скриени дополнителни трошоци.

Дел од поволностите се бесплатни акушерски прегледи по 36 недела како и бесплатни педијатриски прегледи на новороденото во првиот месец. Брзо и безболно породување. Целосна грижа за новороденото од страна на неонатолошки тим, 24 часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим и специјални бенефиции и попусти за новороденчето и семејството.

Би можело да ве интересира

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба

А1он

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

Предраг Петровиќ

Кумановка оставила бебе кај брачен пар од Арачиново, кога сакала да си го земе детето не и го давале

(ВИДЕО) Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула