Се повеќе даночни обврзници во Грција и должат пари на државата

Од:

Еден од тројца даночни обврзници и две од три компании во Грција  и должат пари на државата, соопшти грчкото Министерство за финансии, нагласувајќи дека 2,5 милиони даночни обврзници должат вкупно 20,4 милијарди евра и речиси 150.000 компании должат околу 35,5 милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, иако овие бројки ги вклучуваат даночните обврзници кои во меѓувреме починале или фирми кои веќе се затворени или се лажни, податоците на Министерството укажуваат на пораст на бројот на должниците на месечно ниво поради поради неможноста да ги платат обврските и го чекаат новиот план за плаќањето на данок.

Меѓутоа, официјалните бројки покажуваат дека даночните власти ги исполниле целите за наплатата во февруари. Вкупно 70 даночни канцеларии ги надминале целите и со тоа ги покриле другите 70 кои не собрале доволно.

Сепак, од 140-те даночни канцеларии, само 17 ги постигнале поставените цели за собирање на данокот на додадена вредност. Тоа покажува дека фирмите не плаќаат ДДВ затоа што е превисок и за тоа се обвинува Министерството за финансии кое не успеа правилно да го процени влијанието на намалувањето на економијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски