Нови десет жени бизнисмени ќе бидат прогласени за најуспешни во март годинава на 22. избор на Топ 10 најуспешни менаџерки што го организира агенцијата „Марили“.
Подготовките се во тек. Десетте топ менаџерки се веќе избрани и доаѓаат од цела Македонија, а работат во областа на консталтингот, образованието, медицината, производството, уметноста, туризмот…
Генералната менаџерка на „Марили“ Лидија Трипуноска, вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на соверемената жена.