Се очекуваат големи промени во раководството на „Фолксваген“

Од:

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ денеска ќе одржи средба на надзорниот одбор, со цел да се извршат големи промени во раководството на групацијата.

Одлуката на надзорниот одбор ќе биде објавена во соопштение, изјави извор близок на компанијата.

Медиумите веќе два дена шпекулираат дека генералниот директор од 2015 година, Матијас Милер ќе биде заменет од Херберт Дис, и тоа уште утре.

Компанијата во вторникот на општо изненадување најави дека планира „промени“ во својот врв, без да даде дополнителни детали.

„Фолксваген“ побара помош од Милер за време на скандалот околу мамењето со тестовите за ниво на издувни гасови, и го именува на главната директорска позиција наместо Мартин Винтеркорн, кој мораше да поднесе оставка.

Скандалот поради кој се подигнати многу тужби против групата во САД и поради кој е вршен претрес во нивните канцеларии во Германија, ја чини компанијата околу 25 милијарди евра за повлекување на возилата и судските постапки.

Би можело да ве интересира

Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија

А1он

Фолксваген ќе плати 3,5 милиони долари поради тужба од Илиноис

Ана Ололовска

Фолксваген соопшти за пад на приходите и профитот во третиот квартал поради глобалниот недостиг на чипови

А1он

ЕУ бара од „Фолксваген“ отштета за купувачите на неговите дизел возила

А1он

Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген за измама со издувни гасови

А1он