Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 19.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,397%, кај дизелот за 2,840%, кај екстра лесното масло за 1,931% и кај мазутот намалувањето е за 0,422%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,574%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,436 ден/кг и сега ќе изнесува 49,483 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Поскапува дизелот

Повисоки цени на горивата од полноќ

Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

Горан Наумовски