Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,990 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236%, кај дизелот за 2,617%, кај екстра лесното масло за 2,786% и кај мазутот намалување за 3,266%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848%.
– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.