Се бара решение за 550 вработени во Лукоил Македонија

Од:

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да снабдува деривати од други земји.

– Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукиол може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии, рече Бислимоски.

„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.

Би можело да ве интересира

САД ја продолжија лиценцата на „Лукоил“ до 17 јануари за преговори за продажба на имотот

Бислимоски смирува – санкциите без влијание врз „Лукоил Македонија“

САД ја продолжуваат лиценцата за одредени меѓународни операции на Лукоил до 29 април 2026 година

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија

„Лукоил“ ја продава меѓународната мрежа – компанијата во Македонија има 40 бензински пумпи

Катерина Ѓуровски

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил