САД ја продолжија лиценцата на „Лукоил“ до 17 јануари за преговори за продажба на имотот

Од:

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ја продолжи лиценцата на Лукоил до 17 јануари, што ѝ овозможува на компанијата да спроведува трансакции кои се во функција на преговарање и склучување условни договори за продажба на имот на Лукоил во странство.

Лиценцата, како што е наведено во соопштението на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), исто така дозволува трансакции потребни за одржување на бизнисот со одобрение од OFAC.

Според лиценцата, заинтересираните страни се должни да купат 50 проценти или повеќе од средствата на Лукоил до 17 јануари 2026 година, под услов договорот да биде одобрен од OFAC.

OFAC наведува дека за целите на доделување на лиценцата на Лукоил, терминот „условни договори“ вклучува извршни договори, извршни проформа фактури, принципиелни договори, извршни понуди што можат да бидат прифатени, како што се понуди или предлози како одговор на јавни тендери, обврзувачки меморандуми за разбирање или кој било друг сличен договор.

Се нагласува дека не е дозволен никаков трансфер на пари на физичко или правно лице во Русија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски