СДСМ:Богов ја префрли одговорноста на Миноски, но што барал гувернерот на конференциската врска!?

Од:

Опозициската СДСМ се огласи со соопштение во врска со денешниот став на гувернерот Богов за еврообврзницата:

Димитар Богов не може да ја избегне одговорноста од огромното 450 милионско задолжување на граѓаните на Македонија што е еднакво на финансиско злосторство.

Богов денеска се обиде да се брани дека за издавањето на еврообврзницата одлучувало Министерството за финансии.
Ако е така, што барал Богов кога течела конференциската врска со кредиторите во понеделникот, кога се договори скандалозното задолжување, какви што информации имаме.

Богов е соучесник во незаконското задолжување на граѓаните. Тоа го покажува и неговото појавување денеска до министерот за финансии Миноски.

Катастрофално за граѓаните на Македонија е што имаат гувернер марионета, кој наместо чувар на народната каса е чувар на интересите на Никола Груевски и неговите соработници.

Вистината околу учеството на гувернерот Димитар Богов во историското задолжување на граѓаните брзо ќе излезе на виделина.

И сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра