СДСМ: Зголемен е повратот на ДДВ кон стопанството

Од:

Според официјалните информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто, информираат од ССМ преку соопштение.

„Во апсолутни бројки тоа е за 30 милиони евра повеќе назад во стопанството.

Повратот на ДДВ е неселективен и редовен, а во првите седум месеци претпријатијата добија над 14,5 милијарди денари по основ на ДДВ.

Реализирана е добра наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на минатата година.

Истовремено, непречено тече и мерката за поврат на дел од платеното ДДВ кај граѓаните која дава одлични резултати.

Досега, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а кај граѓаните се вратени над 80 милиони денари.

Овие податоци не се само обични бројки, туку се показатели за реално придвижување на економијата и обезбедување повеќе пари кај граѓаните и фирмите.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализацијата на мерките што обезбедуваат економски раст, конкурентна економија и повеќе пари назад кај граѓаните.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ