СДСМ: Зарем ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува и ЕК дека сака да креира лажна слика на загриженост за висината на јавниот долг?

Од:

„Загриженост за растот на јавниот долг и долгот на Централната влада, јасно, гласно и прецизно изнесе и Европската комисија.  Зарем ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува и Европската комисија дека сака да креира лажна слика на загриженост за висината на јавниот долг?

Од оваа власт и тоа може да се очекува. Но, вистината е поинаква.

ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција не го негира клучното нешто што беше кажано на прес конференцијата на СДСМ, а тоа е: Јавниот долг на Македонија (како процент од БДП) сериозно го надмина таргетот за јавен долг кој до 2012 година го поставуваше самото Министерство за финансии.

open budget index Macedonia - score down

Ако Министерството за финансии смета дека таргетите, односно максималните одржливи нивоа за јавен долг и за долг на централната влада треба да се различни од тие што самото Министерство ги поставуваше во 2012 година и годините пред тоа, тоа треба да го соопшти на јавноста и да го објасни.

СДСМ воопшто нема илузија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати 10-те решенија и мерки за поголема транспарентност при трошењето на народните пари.

Но, не е точно дека дел од нив се имплементирани, како што се тврди во реакцијата, бидејќи ако тоа беше случај земјава немаше да биде на дното на листата на индексот на буџетска транспарентност:

http://survey.internationalbudget.org/#profile/MK

На Индексот за отворен буџет (Open Budget Index) 2012 Македонија се наоѓа во групата на земји со минимална буџетска транспарентност. Пред Ангола, а далеку под Папуа Нова Гвинеа и Гана. Ниту една балканска држава не е оценета послабо. При тоа, оценката за Македонија паѓа години по ред: од 54 на 35 – што е историски најлоша позиција за Македонија.

Затоа и СДСМ даде ветување дека овие мерки ќе ги реализира при доаѓањето на власт. За СДСМ воведувањето на транспарентност во трошењето на народните пари е првиот чекор кон пофер распределбата на доходот во општеството и создавање на едно пофер општество“, се вели писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на заедничката прес конференција на потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов и претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски.

 

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он