СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои ја уназадуваа економијата

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираа на панел-дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ се осудува да зборува за проекти во економијата добро е да каже во што навистина беа единствени изминативе 11 години и што направија за време на нивното владеење.

Единствените кои затворија 10.000 домашни фирми и блокираа сметки на секоја трета фирма се ВМРО-ДПМНЕ.

Единствените кои им ја загрозија основната егзистенција на повеќе од 10.000 семејства кои работеа и ја вадеа својата егзистенција токму од овие фирми се ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПММЕ се единствените кои цели 11 години ги тероризираа домашните фирми со невидени притисоци, огромни казни и новоизмислени давачки со што принудија голем број фирми да стават катанец на врата.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ можеше системски да ја уништува економијата и да ги осиромашува граѓаните.

Владата предводена од СДСМ преку опсежни мерки ќе води политики кои ќе донесат нови работни места, повисоки плати и нови работни места. Ќе има минимална плата од 12 000 денари до крајот на годината, ќе има правична даночна политика и зголемена државна помош за малите и средни претпријатија.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за интересите на граѓаните, тогаш како конструктивна опозиција, треба да ги поддржи владините политики што ќе обезбедат нови работни места, повисоки плати и економски раст што ќе донесе добро за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”