СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ признава дека субвенциите за земјоделците не ги исплаќа со години

Од:

„И самата ВМРО-ДПМНЕ почна да се прашува за која аграрна политика се зборува во Македонија. Целосно се согласуваме дека во Македонија нема аграрна политика.

Затоа земјоделството е во криза, а земјоделците крпат месец за месец.

ВМРО-ДПМНЕ признава дека субвенциите за земјоделците не ги исплаќа со години. Но, воопшто не е во ред и крајно потценувачки за земјоделците е да се бараат некакви оправдувања и виновници надвор од власта.

Уште еднаш апелираме владата на Никола Груевски целосно да ги исплати субвенциите за 2012 и 2013“, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција на претседателката на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Татјана Прентовиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ