„ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години владеење имаше бројни можности да го реши статусот на стечајните работници но наместо тоа, опозициската партија ги манипулираше стечајците и граѓаните од ранливите категории и работеше единствено за интересите на сопственото раководство.
Затоа, денес ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за проблемот со стечајните работници.
Законот за стечајци се спроведува со добра динамика, лицата кои ги исполнуваат критериумите добиваат месечен материјален надоместок од 7596 денари. СДСМ и Владата што ја предводи го решија деценискиот проблем и обезбедија егзистенција за околу 5.000 стечајци, за сите оние кои останале без работа поради приватизацијата на претпријатија во доминиантна државна сопственост.
За разлика од расипничкото и криминало владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ одговорно и транспарентно ги спроведува зацртаните мерки што ги решаваат наследените проблеми и обезбедуваат повеќе пари за граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.