СДСМ: Буџет за преживување, Македонија ќе ползи и во 2015

Од:

„Во услови на рекордна сиромаштија и историски најголемо задолжување на државата, власта на Груевски носи еден од најгломазните буџети досега.

Буџетот за 2015 година е скоро 3 милијарди евра, или точно 2.95 милијарди евра!

Најголем дел од парите се за социјални трансфери. Ќе се зголемат за над 63 милиони евра во однос на лани. Ова само ги потврдува празните фондовски дупки што мора да ги покрива државата за да има плати и пензии.

Овој факт укажува дека и Буџетот за 2015 година не е развоен, туку за преживување. Нема да го стимулира приватниот сектор. Со тоа ниту ќе има некакво придвижување на економијата.

Незначително ќе се зголемат парите за капитални инвестиции, за околу 2 милиона евра. Но и оваа реализација е во прашање ако се земе предвид искуството од последниве 5 години. Од 2009 до 2013 година, Владата на Груевски не успеа да реализира повеќе од 75 проценти за капитални инвестиции.

Во Буџетот за 2015 година предвидено е зголемување на приходите за над 125 милиони евра.  Но ако се види искуството во последните 5 години и за ставката приходи, промашувањето на власта е во просек над 300 милиоини евра!

Тоа е резултат на лошата економска состојба во државата и неможноста на граѓаните да одговорат на даночните обврски. Власта се потпира на нагазување на казнената политика кон граѓаните и стопанството, како еден од главните извори на прибирање пари, но и тоа веќе очигледно не помага, бидејки се исцрпени и бизнисот и семејните буџети.

Само за пример колку е лоша состојбата со Буџетот покажува намалувањето на еден од најголемите адути на власта за фалби пред избори, субвенциите. За 2015 година власта ги намалува парите за субвенции за над 2 милиона евра.

На крајот, она што останува најзагрижувачки момент во последните три години е постојаното зголемување на буџетскиот дефицит.

Повеќе ни Државниот завод за статистика, ни Народната банка не можат да помогнат во манипулациите на Груевски и Ставрески.

Буџетот за 2015 е копија на сите претходни години откако Никола Груевски е на власт.

Ако овие години Македонија има просечна стапка на раст од само 1,4 отсто, можеме да заклучиме дека и во 2015 не не очекува ништо друго освен ползечки раст од околу 2 процента.

Ако се земе предвид и зголемувањето на каматните плаќања за над 25 милиони евра во 2015 година, или вкупно 100 милиони евра по основ на камати што треба да ги плати државата, јасно е дека пред нас граѓаните и пред Македонија е уште една тешка година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Петровска од Штип: СДСМ има одговорност кон граѓаните и државата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Катерина Ѓуровски

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше