СДСМ: Владата долгот кон компаниите да го сведе на нула до крајот на годинава

Од:

СДСМ бара владата под итно да подготви нов ребаланс на буџетот и во него да имплементира неколку најитни мерки и проекции , меѓу кои да се констатира рецесијата и проекцијата за растот на БДП да се сведе на реално остварлива, 0%, 0,5% или евентуално 1%.

„Не може владата да мижи, неможе да се преправаме дека ни е добро. Мора јасно да прифатиме – Да во рецесија сме и сега тоа ќе го имплементираме и во економските и во буџетските проекции. Вака власта се доведува во ситуација да проектира и планира трошоци кои сигурно нема да може да ги реализира, барем сигурно нема да може да ги плати, што е уште полошо“, рече Ванчо Узунов, претседател на Економско-социјален Совет на СДСМ

Тој побара под итно владата да ги сопре сите таканаречени непродуктивни трошоци, или сите трошоци кои на никаков начин не помагаат да се излезе од рецесионата криза.

„Апсолутно веднаш треба да престанат сите реклами, сите кампањи, спонзорства на јавните претпријатија и слично. Дополнително, треба да се одложат сите нарачки на нови споменици, фасади и слични други големи издатоци, кои во моментов ги одземаат средствата кои би требало да се насочат кон санирање на последиците од кризата.

-Владата треба, во најкраток можен рок, на пример една недела до десет дена, да излезе со точните долгови кои таа ги има кон стопанството и тоа по основ на невратен ДДВ и по основ на искористени но не платени производи и услуги од компаниите. Потоа треба веднаш да подготви и спроведе програма, во која прецизно ќе биде дефинирано, како до крајот на годината својот долг кон стопанството ќе го сведе на нула“, рече Узунов.

Според Узунов, во состојба на рецесија, она што не смее владата да си го дозволи е на ионака забавеното стопанство да му должи огромни средства. Тој рече дека владата треба да вложи дополнителен напор сите свои обврски да ги сервисира навремено, бидејќи неликвидноста е најголемиот проблем со кој се соочуваат компаниите.

„Постои една ранлива група на граѓани, социјално загрозени семејства, за кои рецесијата, заедно со масовните поскапувања не се само прашање на статистика, туку и прашање на преживување.

Затоа ние како Економско социјален совет, сакаме уште еднаш да ја предложиме мерката која произлезе од овој совет, а тоа е на семејствата кои припаѓаат на категоријата социјално загрозени, владата да им обезбеди ваучер од по 2.000 денари месечно, за набавка на основни прехранбени производи од македонско потекло“, рече Узунов.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

(ВИДЕО) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната