СДСМ: Три денари плус по килограм грозје преку законско решение

Од:

„После 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите се оставени сами, без никаква реална поддршка од владата. Наместо вистинска грижа за едно од најважните земјоделски производствa, лозарите денес се соочуваат со понижувачки ниски откупни цени и неправедни услови.

Откупната цена е зголемена за само пола денар по килограм, во услови кога сите производствени трошоци драматично растат. Во вакви услови, ова минимално зголемување е навреда за трудот на лозарите и закана за нивниот опстанок.

Дополнително, власта дозволува винариите да добиваат државна поддршка од два денари по литар преработено вино од минатата реколта, а во исто време на лозарите да им се кратат 8% од цената на грозјето. Наместо лозарите да имаат избор, оваа година сите се принудени да потпишат анекси на договори за намалување на цената, без можност за одбивање, доколку сакаат нивното грозје воопшто да биде откупено.

По средбата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со лозарите, СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието.

Во услови кога се веќе распишани локалните избори единствениот пат да им се помогне на лозарите е преку Закон во македонското Собрание.

Првично, ќе се интервенира во Законот за вино, со додавање на посебен член кој законски ќе ја уреди директната финансиска поддршка од три денари по килограм грозје за производството во 2025 година.

Со оваа мерка, лозарите ќе добијат стабилна и сигурна поддршка токму во време кога тоа им е најпотребно.

Истовремено, СДСМ ќе предложи и бришење на одредбата од Законот за вино која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите. Со тоа ќе се стави крај на неправдата со која со години лозарите се оштетуваат и ќе се обезбеди фер однос кон нивнито труд.

СДСМ стои на страната на лозарите и нивните семејства. Очекуваме сите пратеници во Собранието да го поддржат овој предлог и конечно да се стави крај на неправдите“, наведуваат во соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата