СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше само 8.800 денари, сега е 20.175 денари

Од:

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.800 денари минимална плата. Неспоредлива е минимална плата од 8.800, со плата од 20.175 денари. ВМРО-ДПМНЕ упорно ја држеше минималната плата замрзната на ниво под секое достоинство, а потоа остро се противеше на растот на минималната плата велат од СДСМ.

– За разлика од Белата палата, СДСМ во изминатите шест години континуирано ја зголемува минималната плата и тоа од 8.800 на 12.000 денари, па на 15.200, на 18.000 и сега на 20.175 денари. Растот на минималната плата е системско решение договорено со синдикатите и работодавачите и минималната плата ќе продолжи да расте, согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, независно од чија било политичка волја. СДСМ се грижи за работниците, го цени и вреднува нивниот труд, ВМРО-ДПМНЕ останува партија које е против работниците, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДММ: Возел пијан, без возачка, направил сообраќајка – бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов

(ВИДЕО) Костовски: Власта удира по стандардот на народот, граѓани се жалат за огромните сметки за стуја

Филипче: Потребен е консензус за реформите во правосудството, да не се случи нова партизација

А1он

СДСМ: Мицкоски ја руши потрошувачката кошничка, за да не ја покачи минималната плата

(ВИДЕО) Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, велат од ВМРО-ДПМНЕ