СДСМ: Со мерката за поврат на ДДВ досега скенирани се 2 милиони фискални сметки

Од:

„Мерката за враќање на парите назад кај граѓаните преку поврат на 15% од ДДВ одлично се спроведува. Од први јули, откако започна да се реализира оваа мерка, скенирани се 2 милиони фискални сметки со остварен промет од близу 17 милиони евра.

Од оваа сума, акумулирана за многу краток период, повратот на пари кај граѓаните изнесува над 260 илјади евра.

Апликацијата „Мој ДДВ“ веќе ја инсталирале над 120 илјади граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Со мерката за поврат на 15% од ДДВ околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината.

За прв пат државата враќа пари назад кај граѓаните. Тоа значи доход плус во семејниот буџет.

Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 години.

Минималната плата се покачи од 9.000 на 12.500 денари. Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

Социјалната помош е зголемена за 300%, земјоделците можат да вратат пари од персонален данок, а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата