СДСМ: Се решаваат наследените проблеми на автопатиштата

Од:

„Се решаваат наследените проблеми на автопатите, градежништвото се враќа на двоциферна стапка на раст

Наследените катастрофални проблеми на автопатот Кичево – Охрид коишто ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра, се надминуваат и автопатот почнува да се гради правилно и функционално.

Во моментот, интензивно се работи на осумте клучки коишто треба да бидат изградени на автопатот, се работи на дополнителни 40 километри алтернативни патишта што ги поврзуваат околните населени места со автопатот и се надминува пропустот во делот на тунелот.

Овие пропусти беа причина за забавување на изградбата на патот, а со тоа и причина за падот во делот на нискоградбата. По надминување на овие проблеми, градежните работи продолжуваат со засилено темпо во изградбата на автопатат.

Истовремено, процесот на изградба и реконтсрукција на 60 патни правци во вредност од 270 милиони евра, како и реализацијата на над 30 проекти во делот на комуналната инфраструктура создваат услови за раст и во делот на нискоградбата.

Со тоа градежништвото се враќа во посакуваниот правец со двоцифрени стапки на раст, што позитивно ќе влијае и врз севкупниот економски раст.

Владата предводена од СДСМ продолжува со санирање на штетите и спроведување на зацртаните мерки коишто обезбедуваат унапредување на инфраструктурата, повеќе инвестиции, нови рабони места и економски раст и развој“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација