СДСМ: Регулаторна да ја намали цената на парното од Топлификација за 30 проценти инаку ќе одговараат

Од:

Бараме да се намали цената на парното за 30 проценти!

Ова барање се однесува на цената на парното за потрошувачите на топлинска енергија преку ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА и БЕГ, кои плаќаат повисоки сметки за греење од реалните за околу 30 отсто!

Овие две компании веќе цела година на граѓаните им наплаќаат повисоки сметки. Уште лани во август беше намалена цената на природниот гас во регионот за 30 отсто.

РКЕ имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните.

Регулаторната комисија за енергетика, слично како што за струјата дозволи на власта на Груевски преку енергетските компании да влече пари од сметките на граѓаните, иако беше падната цената на регионалните берзи, тоа веќе цела година го прави и за потрошувачите на “Топлификација“.

Со ова Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, богати поединци од фамилијата на власт, наместо да ги штити интересите на граѓаните.

Предупредуваме дека Регулаторната комисија за енергетика нанесува огромни штети со тоа што дозволува над 60.000 домаќинства приклучени на топлификационите системи на ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА и БЕГ АД да плаќаат повисоки сметки за 30 проценти, и тоа во услови на огромна сиромаштија во Македонија.

Будно следиме како ќе постапи Регулаторната комисија којашто е должна да ја намали цената во сметките на домаќинствата за 30 проценти.

Секоја одлука ќе биде предмет на Ревизија.

Сите кои направиле или учествувале во какви било злоупотреби на штета на граѓаните, ќе одговараат, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата