СДСМ: Од новите автопати над 600 милиони евра ќе се слеат кај домашни компании

Од:

„Владата предводена од СДСМ започнува историска инвестиција во патната инфраструктура. На Коридорот 8 и Коридорот 10 д ќе се градат повеќе патни правци со вкупна должина од 110 километри“, велат од СДСМ.

„Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра која ќе се реализира преку Договорот потпишан со конзорциумот Бехтел и Енка.

Од вкупната инвестиција, 51 отсто или 650 милиони евра ќе завршат директно кај домашните градежни компании кои ќе учествуваат во проектот кој треба да се реализира во следните пет години.

Освен подобро поврзување на градовите и нашата држава со соседните земји, оваа историска инвестиција значително ќе влијае врз економскиот раст и ликвидноста и конкурентноста на домашната економија.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра