СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Од:

Со ДПМНЕ на власт Рударско енергетскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски. Среде грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од рудникот Суводол со денови. Додека ДПМНЕ беше во опозиција категорично тврдеа дека нема да има скап увоз на јаглен, односно ќе работат само со домашен јаглен. Спротивно на тоа, веќе со денови не се копа јаглен, велат од СДСМ.

„Мицковски изјавуваше дека од 15 ноември 2024 ќе има откривка на јаглен од милион тони но, спротивно на тоа Багерот КУ 300 кој е главен во ископот на јаглен неколку дена не работи. Багерот бил во подрачје каде што нема можност да ископува јаглен (ставен во кал) поради незнаење или намерно саботирање, а и настанал дефект на клучен мотор.

Изјавите дека вчера го исклучиле Блок заради воден јаглен се приказни за мали деца и воопшто не се точни. Вчера беше исклучен Блок бидејќи нема јаглен и тоа е вистинската причина. На депонијата за јаглен има само 40 илјади тони што е доволно само за два дена ако работат сите три блока, па сега лесно може да се заклучи зошто работи само со еден блок во РЕК. Енергетскиот систем е клекнат на колена. Срамно и тажно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“