СДСМ: Најчувана тајна во Македонија е долгот на државата кон стопанството

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го повтори барањето за спроведување на нивната мерка со која државата, министерствата, јавните претпријатија и другите државни институции, ќе имаат обврска јавно да ги објавуваат сите долгови кон фирмите двапати месечно.

– Таа мерка не чини ништо, тоа е едноставна статистичка операција, но затоа истата ќе ја натера Владата, да биде повнимателна при креирањето на новите долгови и поажурна при сервисирање на старите, рече на денешната прес-конференција Драган Тевдовски, член на извршниот одбор на партијата.

Ова го посочи говорејќи за објвувањето на информацијата од страна на Владата дека вратила половина од долгот кон стопанството, прашувајќи како да знаеме дека половина од доглот е вратен кога власта ја крие и сумата на целокупниот долг за кој се обврза дека ќе го врати.

– Како да пресметаме половина од нешто што не постои, нешто што никој не може да дознае колку вистински изнесува и колку сме сигурни дека во периодот, додека Владата враќала половина од долгот, не се направил нов долг кој можеби е поголем од исплатениот стар долг од 50 отсто, праша Тевдовски.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Тевдовски

Владата ќе продолжи да го слуша гласот на стопанствениците и ќе остане на ветувањето кое го даде пред нив, дека сите обврски ќе ги исплати заклучно февруари. Безпредметното критизерство на СДСМ за дневно-политички цели пак, веќе е сосема излишно да се коментира, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски од СДСМ.

Според ВМРОД-ДПМНЕ, СДСМ е единствената политичка партија која не ја признава должничката криза во Европа и која го игнорира фактот дека сите земји во Европа имаат проблем со задолженоста и дека е успех што Македонија е меѓу земјите со најнизок државен долг.

– СДСМ затвора очи и пред фактот дека сите земји во регионот имаат проблем со исплатите, како и дека Македонија е прва во регионот која пристапи тој проблем да го решава, посочува ДВМРО-ДПМНЕ во реакцијата во која додава дека СДСМ не сака ниту да го слушне гласот на бизнис заедницата, која вели дека е задоволна што се решава проблемот со исплатата и што повеќе од половина од средствата се веќе исплатени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада се дел од сегашните судии и обвинители, обвинува Мицкоски

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветаноски: Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар