СДСМ најави кривични против Миноски и Бришковска за издавањето на еврообврзницата

Од:

СДСМ денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миновски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата, соопштија од партијата.

Оттаму велат дека Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски, односно спротивно на член 18, став 6 од Законот за јавен долг, а Бришковска „неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450-милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.

„Миноски и Бришковска ја злоупотребиле службената должност, незаконски ги задолжија граѓаните на Република Македонија и ќе мора да понесат одговорност. Првиот како одговорен за самото издавање, втората како службено лице кое не било овластено да изврши определено дејство. Еврообврзницата од 450 милиони евра е незаконска и СДСМ ќе продолжи да ја оспорува како законски јавен долг“, стои во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека освен за Миноски и за Бришковска, пријави ќе следуваат и против другите инволвирани учесници, откако, како што стои во соопштението, ќе бидат разјаснети причините за нивното учество во постапката.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он