СДСМ: На работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари

Од:

„Се реализира едно од клучните ветувања во интерес на граѓаните, се овозможува повисока минимална плата од 12.000 денари!

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ги реализираат ветувањата дадени кон граѓаните, усвоен е Законот за минимална плата и веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка.

Ова е првиот значаен чекор со кој се отвора спиралата на севкупен раст на платите, а ефектите директно ќе ги почувствуваат околу 130.000 работници кои ќе добиваат повисока плата.

Со овој закон се исправа долгогодишната неправда кон работниците од кожарската и текстилна индустрија кои исто така ќе земаат минимална плата во висина од 12.000 денари, за разлика од претходно кога земаа плата пониска од минимално утврдената“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ