СДСМ: „Мој ДДВ“ дава одлични резултати, за неполн месец над 44 милиони денари назад кај граѓаните

Од:

„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Тече реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.

Проектот „Мој ДДВ“ кој започна на 1 јули оваа година дава одлични резултати.

Според последните информации на УЈП, за 24 дена од поставувањето, апликацијата ја имаат преземено околу 135.000 лица, а при тоа скенирани се над 5 милиони фискални сметки“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Вредноста на скенираните сметки е над 2,5 милијарди денари, а пресметаниот ДДВ за враќање на граѓаните е над 44 милиони денари.

За првпат државата враќа пари директно кај граѓаните на нивните трансакциски сметки.

Ако претходно граѓаните имале само давачки кон државата , денес со водење на одговорни економски политики придобивките се двострани, добиваат и граѓаните и државата.

Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ, секое семејство на крајот на годината добива приход плус.

Според проценките на крајот на секоја година, околу 50 милиони евра ќе завршуваат кај граѓаните.

Од друга страна, на овој начин се поттикнува намалување на сивата економија и даночната евазија.

Наплатата на ДДВ за првите шест месеци, вклучително и деновите од јули е зголемена за 6,6 проценти.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што носат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Итно да се разреши директорката на Клиниката за деца „Козле“, бара СДСМ

Горан Наумовски

Филипче: Владата треба да ги заштити граѓаните од високите цени

ВМРО-ДПМНЕ: Ставовите на Славески се лични, го поддржуваме бојкотот на маркетите

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќa опозициската иницијатива за надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух

Опозициска иницијатива за свикување надзорна расправа во Собранието за проблемот со аерозагадувањето

СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Катерина Ѓуровски