СДСМ: Миноски ќе го објасни и денешното ново задолжување од 10,4 милиони евра повеќе од потребното

Од:

СДСМ со писмено соопштение го повикува техничкиот министер за финансии, Кирил Миноски дека ќе мора да објасни зошто владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 10,4 милиони евра повеќе од потребното.

„Техничкиот министер за финансии, Кирил Миноски мора да им објасни на граѓаните зошто денеска ги задолжи граѓаните на Р.Македонија за 10,4 милиони евра повеќе од потребното, на денови пред формирањето на новата Влада.

На денешната аукција на домашни хартии од вредност, Министертсвото за финансии запиша нов долг од 20.9 милиони евра, иако за враќање оваа недела доспеваат само 10.5 милиони евра.

Укажуваме дека следува период во којшто темелно ќе се преиспитаат сите нетраспарентни задолжувања направени на товар на граѓаните. За сите евентуални злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение