СДСМ: Миноски итно да објасни зошто бара 15 милиони евра повеќе од потребното!

Од:

„Предупредуваме дека институциите се должни да работат исклучиво во служба на граѓаните!

ВМРО-ДПМНЕ не смее да одговара во име на Министерството за финансии и со тоа да го попречува професионалното работење на институциите.

Кирил Миноски од позиција на министер за финансии во заминување објави дека планира да ги задолжи граѓаните на Р.Македонија за 15 милиони евра повеќе од обврските стигнати за враќање оваа недела.

Зошто Миноски ги задолжува граѓаните 15 милиони евра повеќе од потребното?

Граѓаните треба да слушнат директно од министерот за финансии во заминување.

Потсетуваме дека против Миноски и заменик министерката за правда Бришковска веќе се поднесени кривични пријави за незаконско задолжување на граѓаните.

Граѓаните на Македонија избраа промени затоа што не сакаат нови милионски задолжувања и на нивните деца и внуци“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ