СДСМ: Миноски да не помисли да ги задолжи граѓаните повеќе од доспеаните обврски

Од:

„Го предупредуваме Кирил Миноски кој во моментов извршува техничка функција како министер за финансии и е во заминување да не ги задолжува граѓаните на Р.Македонија повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела и тоа да го прави на крајно нетранспарентен начин како до сега.

Обврските коишто стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и Миноски треба во рамките на овој износ да го планира денешното задолжување на домашниот пазар.

Истовремено укажуваме дека во Буџетот на Р.Македонија има доволно средства за исплата на тековните обврски на државата кон граѓаните за што потврдa има и од надлежно министерство.

Неконтролираното темпо на задолжување на граѓаните што досегашната власт го правеше нетранспарентно и за непродуктивни трошења го издигна јавниот долг на историски највиско ниво од 50.1% од БДП.

Итно е потребно да се одблокираат демократските процеси и да се формира новата реформска Влада на граѓаните којашто транспарентно и одговорно ќе раководи со јавните финансии што е интерес на сите граѓани на Р.Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ