СДСМ: Лекција за Богов да не бега од прашањата на јавноста

Од:

„Советот за етика во медиумите потврди дека Гувернерот Димитар Богов нема право да бара санкција за медиум што истражувал кој се крие зад мистериозните инвестиции од Панама и Британските Девствени острови во Македонија.

Советот, одговарајќи на преставка од гувернерот Богов, му посочува дека со тоа што не дава одговори на клучни прашања од интерес на граѓаните и на јавноста, самиот остава простор за шпекулации.

Јасно и недвосмислено Советот за етика во медиумите го констатира тоа што ние како партија постојано го тврдиме дека Богов не одговара на поставените прашања и заборава дека неговата работа е од ЈАВЕН ИНТЕРЕС за граѓаните и дека тој како носител на јавна функција е подложен на јавна критика.

Ваквата одлука треба да го поттикне Богов да одговори на клучните прашања од интерес за граѓаните од коишто и денеска се крие.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов наместо да врши притисок врз новинарите нека ги одговори овие прашања од јавен интерес“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ