„Лага е дека странски инвеститори планираат да заминат од земјата. Нереформитраната ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски упорно шири лажни вести. Вистината е дека Владата предводена од СДСМ до крај ќе ги испочитува сите договори со странски инвеститори што се во тек, со взаемно почитување на обврските.
Вистина е и дека новиот план за економски раст обезбедува стабилна бизнис клима за трајни и долгорочни инвестиции и во однос на новите мерки за привлекување на странски и домашни инвестиции забележителна е заинтересираност и ентузајазам за нови инвестиции.
Наспроти расипничкото трошење на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, 5.6 милиони евра за роуд шоуа, 12.5 милиони евра за апсурдни реклами кај домашните медиуми за привлекување на странски инвестиции, 31 милион евра за реклами во странство и други непродуктивни трошоци, новата влада предводена од СДСМ со планот за економски раст парите ги насочува за реални инвестиции, за отворање на нови добро платени работни места, и за исплата на повисоки плати на вработените!
ВМРО-ДПМНЕ и Данев очигледно се уплашени од изборниот пораз и видно вознемирено од соочување со одговорнооста за сомнителното трошење на 225 милиони евра народни пари што Никола Груевски и неговите соработници го правеа 10 години во бесцелни и економски неиздржани политики за наводно привлекување на странски инвестиции коишто ги немаше“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Драган Данев.