СДСМ: Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ донесе стапка на сиромаштија од 22,2 отсто

Од:

Официјалните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека процентот на сиромаштија за 2017 година изнесува 22,2 отсто, каде што како основа се земени приходите од 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ се уште владееше, велат од СДСМ.

„Овој процент е резултат од неодговорното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто заради остварување на криминални интереси ги втурна државата и граѓаните во долгови и сиромаштија. Додека парите на граѓаните ги трошеше на луксуз, лажен барок, споменици и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше системот за социјална заштита, а ги понижуваше, малтретираше и уценуваше најранливите категории граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека новата влада започнала системска реформа којашто трајно ќе извлекува од сиромаштија.

„Со реформата којашто ќе започне на почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300 отсто , односно 70 отсто од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош. Се воведува гарантираната минимална помош, но истовремено се врши и преквалификација на лицата кои се невработени и на тој начин директно им се помага да се вработат и се отвора можност да се извлечат над линијата на сиромаштија. Се олеснува пристапот до социјалниот надоместок на дополнителни 11 илјади домаќинства, но и на постојаните 24 илјади домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош. Како што вети, Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени, над 8 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до нивно пензионирање. Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со зацртаните реформи и мерки за подобрување на системот за социјална заштита што беше уништен од ВМРО-ДПМНЕ“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ