СДСМ: Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

Од:

„Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски е добредојден во Струмица и Куманово лично да се увери и да ги види единствените изградени дистрибутивни системи за природен гас во Македонија.

Физибилити студијата за да покаже физибилност на проектната делница Клечовце – Штип предвидува дека изградбата ќе чини 24 милиони долари, а потрошени се вртоглави 77 милиони долари.

Мисајловски да каже кој и како ќари од оваа разлика во цената?

Во прилог дел од физибилити студијата ја разоткрива неспособноста на власта да реализира проекти за гасификација. Крајниот рок до кога требаше да се осигура снабдување со природен гас на оваа приоритетна делница е 2015-та година. Во 2016-та година власта допрва ќе почнува со изградба.

За 10 години неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ ниту домаќинствата ниту граѓаните дочекаа гасификација на Македонија.

Владо Мисајловски да каже на чија сметка легнаа овие пари или тоа нека го направи Јавното обвинителство коешто има обврска да делува по допрен глас.

После 11-ти декември сигурно ќе се дознаат злоупотребите и инволвираните во незаконски дејствија ќе одговораат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он