СДСМ: Груевски потврди дека нема фабрики од Кина

Од:

„Никола Груевски го потврди она што го објави СДСМ, дека ниту една кинеска компанија нема инвестирано во Република Македонија во нова фабрика, во производство на некаков производ.

Во интервју за „ChinaDaily“, Груевски признава дека од Кина се уште нема „значителна инвестиција, со градење нова фабрика, производство на некој производ и негов извоз“.

Дека се виртуелни фабриките на Никола Груевски од Кина призна и самиот Никола Груевски. Во реалноста нема ниту една. Корупцијата во изминатите години избрка многу потенцијални инвеститори од Кина.

Затоа после толку посети, Груевски се уште зборува за „консултации“ со кинески компании и виртуелно најавува инвестиции коишто никогаш не се реализираат.

gruevski_intervju

Според официјалните податоци на Народна банка, во периодот 2011-2014 година Македонија има минусно салдо во размената со Кина од -3,8 милиони евра, што е уште една потврда дека нема прилив на капитал во Македонија од оваа економски моќна земја во Македонија.

Кредитите не се инвестиции. За нив сите граѓани во Република Македонија плаќаат камата.

Виртуелние инвестиции на Никола Груевски и виртуелните фабрики носат нула работни места.

Не само што нема инвестиции од Кина, ја нема инвестицијата ниту на италијанската Орланди, на турски Шишеџам, Хајер и Тривју, ја нема инвестицијата на индиската Мадерсон, на француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, ги нема инвестициите на Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост…

По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно

СДСМ: Патувањето на Мицкоски во САД се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Убиство во Србија, дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?

СДСМ: Таравари се шета во Вашингтон и си објавува слики, додека пациентите страдаат

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на сигурен пат да исчезне

(ВИДЕО) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион

Катерина Ѓуровски