СДСМ: ММФ во извештајот до Груевски му кажа дека го дуплирал јавниот долг

Од:

Груевски нема храброст да ги чита целосно извештаите на меѓународните финансиски институции, затоа изгледа зборува за привиденија.

Очигледно е дека никој од меѓународните финансиски институции повеќе не сака да седне јавно пред камери во иста просторија со кој било од неговата Влада, велат од СДСМ.

ММФ во извештајот што му го испрати го наведува токму тоа на што посочуваме.

1. Актуелната Влада од 2008 година го дуплрала јавниот долг, односно двојно ги задолжила граѓаните.

2. Пониските приходи и најавените расходи ќе го зголемуваат дефицитот и тој ќе порасне далеку над планириот со Буџетот, што значи нови задолжувања.

3. ММФ децидно вели дека е неопходно спроведување на политичкиот договор како основа за стабилизирање на економијата.

Тој договор подразбира специјален обвинител и оставка на Груевски. Она од што најмногу се плаши Груевски, ММФ го наведува како услов за економски остварувања, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор

АД ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам

ДУИ: Министерството за економија е неспособно да се справи со економската криза

Горан Наумовски

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ