СДСМ: Груевски не може да зборува за вработувања

Од:

„Додека Никола Груевски се расфрла со виртуелни вработувања, во реалноста граѓаните, пред се младите, масовно се иселуваат од Македонија.

Груевски не може да зборува за реални вработувања освен ако мисли за вработувања на граѓаните од Македонија ама во странство.

Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе.

Секој втор млад човек сака да замине од Македонија поради невработеност и нискиот стандард.

Последната студија на Фондацијата Фридрих Еберт покажува дека 50% од младите сакаат да ја напуштат земјава а дури 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација.

Во реалноста, над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Во реалноста, делеку од виртуелниот свет на Груевски, над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка а затоврени се над 10.000 фирми.

Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Според податоците на Народна банка само 8,5 милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во третиот квартал од оваа година.

Фондот за ПИОМ е празен. Милионската дупка на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување којашто расте покажува дека придонесите за плати не се плаќаат.

Впрочем, Никола Груевски и официјално призна целосен пораз на сите економски политики во изминатите години. Без постојано задолжување на граѓаните не може да се исплатат ниту плати ниту пензии.

Затоа граѓаните не му веруваат на Никола Груевски и неговите виртуелни вработувања и виртуелни инвестиции коишто не постојат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он