СДСМ: Ги поправаме катстрофалните грешки на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО – ДПМНЕ имаше повеќе од една деценија да ја стабилизира македонската економија, но за жал за време на криминалното пустошење на државата и граѓаните од страна ВМРО-ДПМНЕ, економијата доживеа колапс, а јавниот долг се зголеми тројно.

За само 10 месеци новата Влада предводена од СДСМ успеа да креира стратегии и политики преку кои се стабилизира економијата. 2017 година е прва година во која јавниот долг бележи пад по подолг период. Исто така успева да обезбеди и најниски каматни стапки во историјата на Македонија преку водење рационална и транспарентна политика која е препознаена од сите. Оваа фактичка состојба сведочи за добро спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ. Покрај тоа, просечната плата е зголемена за 4,6 отсто, со што уште еднаш се потврдува придвижувањето на економијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја уништуваше државата и ги осиромашуваше граѓаните, СДСМ успева во само 10 месеци да придонесе да се почувствуаат позитивни промени во сите сфери на општеството, особено на полето на економија. Официјалните статистички податоци покажуваат дека економијата е стабилизирана, обезбеден е раст и развој што резултира со покачување на платите и животниот стандард на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ