СДСМ: Државните пари се користат за потребите на граѓаните

Од:

СДСМ во реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека државните пари се користат за потребите на граѓаните.

– Владата предводена од СДСМ преку домаќинско и одговорно работење го стабилизира јавниот долг кој за првпат е намален после 2008 година. Парите на граѓаните повеќе не се трошат за криминално богатење на Груевски и фамилијата, туку за повисока минимална плата, покачување на пензиите, за решавање на проблемот со стечајците и за нови мерки за вработување, наведуваат од СДСМ.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира лажни вести и манипулира со граѓаните, свесно мешајќи го издавањето на државни хартии од вредност и промените на девизните резерви. Станува збор, појаснуваат, за редовна пракса за плаќање од единствената државна сметка на доспеани рати за кредити, камати и стари долгови направени токму од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Како пример го посочуваат враќањето на кредитот од 2012 година од Дојче Банка тежок 77,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат, велат од СДСМ

(ВИДЕО) Зеќири: Власта не сака да признае дека има голем проблем на Онкологија

Горан Наумовски

СДСМ: Хаос на Онкологија, пациентите оставени на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува да тоне во нивната безидејност и криминал

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно

СДСМ: Патувањето на Мицкоски во САД се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните

Горан Наумовски